Британски букмејкери: Шансите Британија да остане во ЕУ се намалени на 68,5

Од:

Веројатноста Британците да гласаат за останување во Европската унија на референдумот на 23 јуни се намали на 68,5 отсто што е за околу 10 поени помалку во споредба со минатата недела, објави Фајненшал тајмс. Весникот наведува бројки од обложувачницата Бетфер според кои падот е регистриран по анкета на институтот О-Ар-Би за Индепендент.

Во анкетата „таборот“ на Брегзит води со 10 проценти пред приврзаниците за останување на Британија во ЕУ. Минатата недела шансите од букмејкерите за останување на Британија беа околу 75 отсто.

И покрај тоа што букмејкерите покажуваат системска победа на приврзаниците на Британија во ЕУ, анкетите укажуваат на противречност.

Британски букмејкери нудат коефициент од околу 1,46 за останување на Британија во ЕУ, додека за Брекзит коефициентот е од 2,75 до 3 (36,3 проценти – 33,3 проценти). 

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он