Откако два руски бомбардери „Тупољев Ту-160“ се приближиле до британскиот воздушен простор во околината на Шкотска, британското воено воздухопловство испратило два борбени авиони „Тајфун“ за да ги пресретнат.
Од Кралското воздухопловство истакнаа дека повеќе сојузнички борбени авиони ги следеле руските бомбардери, за на крај два британски ловци да ги пресретнат.
Руските авиони сепак не навлегле во британскиот воен простор.