Британски борбени авиони испратени да пресретнат два руски „Тупољева“ над Атлантикот

Од:

Велика Британија вчера ангажирала борбени авиони „Тајфун“ за да пресретнат два руска бомбардера во близина на британскиот воздушен простор над Атлантскиот Океан, соопшти британското Министерство за одбрана.

Ловците „Тајфун“ синоќа полетаа од воениот аеродром на североисток од Шкотска за да пресренат два руска авиона „Тупољев“ што летаа во близина на британската зона на интерес во меѓународниот воздушен простор над Атлантикот и со нив останаа додека на ја напуштија оваа зона, наведе портпаролот на министерството.

Земјите на НАТО во текот на минатата година го зголемија бројот на пресретнувања руски авиони во ситуација на засилена тензија меѓу Западот и Москва заради украинската криза, потсетуваат британските медиуми.

Велика Британија во јануари го повика рускиот амбасадор да ја објасни сличната епизода, кога руски бомбардери летаа над Ла Манш, присилувајќи ги британските власти да ја променат патеката на движење на еден патнички авион.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство