Британецот Дојл Болинџер (57) кој по професија е болничар е обвинет од судот во Кантербери дека планирал да убие едно 14 годишно девојче за потоа да изеде делови од нејзиното тело.
Болинџер кој е опседнат од фетиш канибализмот, на интернет често разговарал за отсекување на главата на жртвите, како и за јадење на делови од телото на жени и девојки за да се постигне сексуално уживање и задоволување.
Во септември 2012 година тој си купил секира, еден ден пред закажаната средба со малолетничката, а обвинителот тврди дека тој би го убил девојчето, а потоа и би јадел делови од телото на жртвата.
„Ме возбудува идејата да те убијам, а потоа да те изедам“, напишал Болинџер во комјутерската комуникација со непознатата малолетничка.
Девојчето што било определно како жртва, сепак не се појавило на меѓународната железничка станица Ашворт во англиската област Кент, каде Болинџер ја договорил средбата.
Обвинителот во процесот објасни на судењето дека Болинџер, често на интернет стапувал во контакт со малолетнички, нудејќи им средба откако претходно со оние со кои комуницирал им зборувал за сексуалниот акт што тој ќе го изведел пред и по нивната смрт. Се фалел за тоа како има изедено една 39-годишна жена и едно пет-годишно девојче.
За ваквите разговори тој користел интернет страница специјализирана за каниблизам, преку која е и откриен и подоцна уапсен, откако оваа страница ја надгледувал американскиот ФБИ,т рагајќи по убиецот на еден полицаец за кого се верува дека бил жртва на канибалистички напад. Британецот во еден момент беше осомничен за убиството на полицаецот.
На судењето Болинџер се брани дека секира купил затоа што таа му била потребна во неговата куќа, а на железничката станица се нашол загрижен за девојчето, за кое верувал дека сигурно ќе допатува, но одбива да признае дека е канибалист. На судњето тој формално одговара за обид за заведување на малолетничка за да изнуди сексуален акт.