Болничарот Викторино Чуа (49), вработен во една болница во близината на Манчестер, е осуден денеска на доживотен затвор, поради убиство на двајца пациенти, како и обидот да се убијат уште 20 други.
Изрекувајќи ја пресудата, судијата во процесот во Манчестер, рече дека поради суровоста на злосторството, Чуа ќе мора да остане 35 години во затвор, пред да може да побара да биде ослободен.
Викторино Чуа кој е Филипинец по потекло и татко на две деца, прва беше уапсен во јануари 2012 година, а потоа одново во јануари минатата година.
Тој долго време одбиваше да ја признае вината, префрлајќи ја одговорноста за смрта на пациентите и за здравствената криза на десетици други, на „немарноста“ на медицинските сестри во болницата, или на медицинскиот персонал.
Неговото злосторство беше конечно докажано, откако беше откриено едно писмо што самиот го напишал за себе.Во него тој признава што правел, опишувајќи се како „ангел кој се претворил во зло“.
На судењето кое предизвика големо внимание во британската јаност, беше докажано дека во периодот меѓу јануари 2011 и почетокот на 2012 година тој убил два пациенти на болницата, една средновечна жена и постар маж, кои доаѓале на редовна терапија.
Убиствата ги извршил со вбризгување инсулин во пластичните вреќички за инфузија, како и во ампулите што им се давале на хронично болните.
Дури 20 други пациенти биле затруени со висока доза инсулин, сите возрасни пацинети.Среќна околност е што ниту еден од нив не настрадал, од подметнатите затруените вреќички со инфузија, што медицинските сестри ги користеле без да знаат што им даваат на болните.
Полицијата отвори истрага за „чудната смрт„ на двајцата пациенти на болницата, како и за неколкуте криточни случаи со преголема доза инсулин, а една од медицинските сестри беше осомничена и задржана во притвор, извесно време, пред да биде ослободена.
Во текот на процесот, обвнителството го означи филипинскиот болничар на работа во Велика Британија, како „нарцисоиден психопат“.