Британската војска држи во затвор околу 90 талибанци без судење

Од:

Британската војска држи во затвор околу 90 талибански бунтовници, во воената база Камп Бастион, во авганистанската провинција Хелманд, потврди денеска министерот Филип Хамонд.

Признанието на британскиот министер доаѓа откако адвокатите на осуммина бунтовници од оваа група, открија дека луѓето бесправно се чуваат затврени, бидејќи не се обвинети, ниту судени и осудени.

Еден од адвокатите, во изјава за Би-Би-Си рече дека ситуацијата со овие луѓе во британската база Бастион, многу потсетува на она што се случува во американската база Гвантанамо, со осомничените за тероризам кои со години се таму без да бидат обвинети, или осудени.

Некои од авганистанските бунтовници, во затворот во базата Бастион се наоѓаат и по 14 месеци, па нивните адвокати најавија дека ќе го пријат случајот до лондонскиот Виш суд и ќе бараат заточените да бидат ослободени.

Министерот за одбрана Хамонд остро се спротивстави на споредувањето на луѓето што се држат во британската база во провинцијата Хелманд, со оние во Гвантанамо. Според британскиот министер, луѓето кои се чуваат во Бастион, се бунтовнци кои војувале против Британците. Хамонд објасни дека тие се држат затворени во базата од страв дека доколку им бидат предадени на авганистанските власти „нема да бидат третирани на соодветен начин“.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја