Британската воена база на Кипар нема да стане нова маршрута кон Велика Британија за мигрантите, изјави денеска портпаролот на премиерот Дејвид Камерон.
Во средата 114 мигранти со рибарски чамци пристигнаа до базата Акротири, во јужниот дел на Кипар. Тоа е прв случај кога бегалците директно пристигнаа на британска суверена земја.
– Нема да дозволиме тоа да стане некоја нова маршрута на миграцијата кон Велика Британија, посочи портпаролот на Камерон.
И покрај тоа што мигрантите пристигнаа на британска теритирија, согласно договорот Кипар ќе преземе одговорност за нив.