Британската Влада продолжува со планот од март да ја почне процедурата за излез од ЕУ

Од:

Британската Влада се уште има намера до крајот на март да ја активира официјалната процедура за напуштање на Европската Унија и не смета дека судската одлука, според која за тоа е потребно одобрение од Парламентот, ќе го наруши овој редослед на настаните, пренесуваат британските медиуми.

– Владата јасно порачува дека има прерогативна власт да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што ќе почнат двегодишните преговори за излез на Велика Британија од ЕУ, изјави портпаролката на премиерката Тереза Меј.

– Останува во сила нашиот план за активирање на член 50 до крајот на март. Сметаме дека правниот редослед тоа треба да го дозволи, изјави таа.

Висок член на конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека неопходно е до крајот на март, ЕУ да ја добие јасната намера на Велика Британија за напуштање на заедницата.

– Во спротивен случај хаосот, предизвикан од референдумот на поранешниот (британски) премиер Дејвид Камерон, ќе се одрази врз изборите за Европскиот Парламент во 2019 година, изјави Гинтер Крихбаум, кој е претседател на комисијата за европски прашања на Бундестагот.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, утре телефонски ќе разговара со Меј, изјави портпаролот на ЕК. Тој одби да ја коментира денеска донесената судска одлука.

Доскорешниот лидер на Партијата за независноста на Обединетото кралство (УКИП) Нејџел Фараж, кој ја водеше кампањата за Брегзит, изрази загриженост дека по судската одлука политичарите ќе се обидат да го запрат или да го забават излезот на Велика Британија од ЕУ.

Според него, тоа ќе биде предавство на луѓето, кои гласаа за напуштањето на ЕУ, посочуваат американските медиуми.

Британските опозициски лидери ја повикаа Владата на Меј да го запознае Парламентот со преговорачките услови за излез од ЕУ, откако Вишиот суд на Лондон утврди дека е неопходно одобрение од Парламентот за да се активира процедурата за Брегзит.

– Потребна е транспарентност и отчетност пред Парламентот за условите за Брегзит, изјави лидерот на лабуристите Џереми Корбин.

Меј инсистира на тоа да не ги открива своите позиции пред почетокот на преговори со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он