Британската Влада не ја поддржа петицијата за анулирање на претстојната посета на Трамп

Од:

Британската Влада не ја поддржа петицијата за поништување на претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп во Обединетото Кралство, соопшти кабинетот како официјален одговор на петицијата, што ја потпишаа над 1,85 милион лица, јави ТАСС.

Владата не ја поддржува петицијата, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

При посетата во САД на 27 јануари премиерот Тереза Меј од името на кралицата го покани претседателот Трамп во државна посета на Велика Британија подоцна оваа година. Поканата беше прифатена. Датумите за претстојната посета се уште не се определени, посочи Министерството.

Претходно, лондонската полиција соопшти дека американскиот лидер веројатно ќе ја посети земјата во јуни.

Петицијата беше иницирана веднаш по поканата прададена од премиерот Тереза Меј.

Во неа стои дека „на Доналд Трамп во својство на раководител на американската Влада, треба да му биде дозволен влез во Велика Британија, но тој не смее да биде поканет во државна посета“.

– Добро документираното женомразие и вулгарност го лишуваат од правото да биде примен од Нејзиното Височество или принцот од Велс. Поради тоа за време на мандатот не треба да биде поканет во официјална државна посета, повика авторот на петицијата.

Британската Влада одговара на сите петиции кои ќе соберат над 10.000 потписи. За да биде разгледана од страна на парламентот, една петиција треба да собере над 100.000 потписи.

Дебатата по ова прашање е планирана во Долниот дом на 20 февруари.

Би можело да ве интересира

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Најжестокиот напад на Трамп кон Зеленски: „Украина ја нема, не можам да ги заменам мртвите“

Горан Наумовски

Трамп доби предупредување, Иран сака да го убие

Горан Наумовски

Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД