Британската Влада ги смеша честитките за Бајден и Трамп на Твитер

Од:

„Техничка грешка“ на британската влада доведе до тоа делови од честитката до американскиот претседател Доналд Трамп да останат видливи на официјалниот твит испратен од британскиот премиер Борис Џонсон до Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на британската Влада.

Тој рече дека Владата подготвила две различни пораки затоа што трката била многу тесна, но оти поради техничка грешка, делови од втората порака биле измешани во позадината на честитките до Бајден.

Интернет страницата Гвидо Фокс (Guido Fawkes) претходно објави фотографија од твитот откако ги прилагоди контрастот и осветленоста на сликата. Покажано е името на Доналд Трамп, зборовите „втор мандат“ и „во иднина“ во позадина на твитот испратен како честитка до Бајден.

– Како што би сте очекувале, однапред беа подготвени две соопштенија за исходот од овие тесни избори. Поради техничка грешка, делови од втората порака беа вклучени во позадината на графиката, рече владиниот портпарол.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот