Британската Влада ги разгледува опциите за Брегзит

Од:

Владата на Велика Британија ги разгледува можните одговори на одлуката на претседавачот на Парламентот дека премиерката Тереза Меј не може повторно пред пратениците да го образлага договорот за излегување од Европска Унија.

Пратениците досега двапати го одбија тоа.

Министерот за Брегзит, Стивен Баркли денеска изјави дека Владата „сериозно ќе ја разгледа“ одлуката на претседавачот Џон Беркау дека договорот не може да биде ставен на гласање ако нема суштински измени.

Баркли истакна дека Владата треба „детално да ја проучи одлуката“.

– Фактот дека еден број пратеници изјавија дека поинаку ќе гласаат укажува на тоа дека работите се различни, посочи Баркли.

Меј веќе имаше разговори со противниците во рамките на подготовките за ново гласање.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година