Британската влада бара пари од Роман Абрамович од продажбата на Челзи

Од:

Британските власти официјално ќе издадат налог за трансфер на 2,5 милијарди фунти (2,85 милијарди евра) од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи на рускиот милијардер Роман Абрамович за хуманитарни цели на Украина, објавија денес британските медиуми.

Британските власти му рекоа на Абрамович да ги додели бараните средства и се заканија со правни мерки доколку не го стори тоа, објавува лондонскиот дневен весник „Гардијан“.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Долниот дом дека парите на рускиот олигарх, кој е под санкции на Велика Британија, ќе бидат префрлени во нова фондација за Украина и рече дека издавањето дозвола за трансфер е последната шанса што Абрамович ќе ја има да го исполни барањето пред да се преземат правни мерки.

„Времето истекува за Роман Абрамович да ја исполни обврската што ја презеде кога Челзи беше продаден и да го префрли трансферот од 2,5 милијарди фунти во хуманитарна помош за Украина. Оваа влада е подготвена да го спроведе ова преку судовите, така што секој денар ќе стигне до оние чии животи се уништени од војната во Украина“, рече Стармер.

Абрамович го продаде фудбалскиот клуб Челзи во 2022 година под притисок од британската влада, која ја одобри трансакцијата под услов парите да бидат потрошени за поддршка на жртвите од војната во Украина, а парите од продажбата на Челзи беа ставени на британска банкарска сметка контролирана од компанијата на Абрамович, Фордстам.

Парите оттогаш се замрзнати поради застој во преговорите со Абрамович околу тоа дали парите треба да се трошат исклучиво во Украина.

Британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, изјави дека е „неприфатливо повеќе од 2,5 милијарди фунти што му се должат на украинскиот народ да бидат замрзнати на британска банкарска сметка“.

„Време е Роман Абрамович да плати. Ако не направи ништо, тогаш сме подготвени да направиме сè што е потребно за да се осигураме дека парите ќе стигнат до украинскиот народ“, рече Ривс, додавајќи дека британските власти со години се обидуваат да постигнат договор со Абрамович и да обезбедат соработка за да го извршат трансферот на парите.

Премиерот Стармер потврди дека британската влада е подготвена да го тужи Абрамович, а владата изјави дека ќе го разгледа секој предлог од Абрамович доброволно да донира средства за Украина.

Би можело да ве интересира

Британец шпионирал за Русија; „Сакал да биде Џејмс Бонд“

Руски хакери украдоа 4 терабајти тајни британски воени документи

Напаѓачот на синагогата во Манчестер е идентификуван како Британец со сириско потекло

Горан Наумовски

Менингем-Булер: Британија веќе е во војна со Русија

Британија ќе ја признае Палестина и покрај притисокот од САД

Горан Наумовски

Велика Британија преселува илјадници Авганистанци на своја територија