Британската премиерка одлучна Брегзит да биде на 29 март

Од:

Британската премиерка Тереза Меј останува одлучна да го примени Брегзит во закажаниот рок, 29 март, наведувајќи дека ќе продолжи да бара од Брисел отстапки за договорот при разделувањето, и покрај категоричното одбивање на Европската унија повторно да преговара.

-Одлучна сум да се примени Брегзит во предвидената временска рамка, а тоа е 29 март 2019 година, напиша премиерката денеска објавениот текст во „Сандеј телеграф“.

Тереза Мај на тој начин ја отфрли можноста за одложување на датумот, како што тоа го сугерираа некои политичари во изминатите неколку дена. Меѓу нив е и шефот на дипломатијата Џереми Хант, кој рече дека на тој начин ќе се добие време за усвојување на законите за примена на Брегзит.

Премиерката додаде дека повторно ќе го посети Брисел за да најде „прагматично решение” за излез на Велика Британија од Унијата.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година