Британската премиерка: Мораме еднаш засекогаш да ставиме крај на руската инвазија

Од:

Британската премиерка Лиз Трас на самитот на ОН вети дека воената помош за Украина следната година ќе биде на нивото од претходните 2,3 милијарди фунти (околу 2,6 милијарди евра) или дури и ќе ја надмине таа сума, покажувајќи дека сака дополнително да ја зајакне нејзината поддршка на Киев по руската инвазија.

На Генералното собрание на ОН таа ќе ги повика лидерите да помогнат во намалувањето на енергетското задушување на Русија врз Европа.

„Велика Британија ќе продолжи да стои на страната на Украина“

Трас се упати кон Њујорк само неколку часа по погребот на кралицата Елизабета Втора означувајќи брзо враќање во британската политика која беше во кратка пауза поради период на жалост.

Трас ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Њујорк во среда и ќе ја повтори својата поддршка за Украина.

„Ова е мојата порака до народот на Украина: Обединетото Кралство ќе продолжи да биде со вас. Вашата безбедност е наша безбедност“, рече таа во изјавата пред говорот на самитот во четвртокот, додавајќи дека за зависноста од руските енергетски потреби е време да се стави крај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО