Британската премиерка ги повика сопартијците да не го изложуваат Брегзит на ризик

Од:

Британската премиерка Тереза Меј во статија за весникот „Меил он сандеј“ ги предупреди членовите на владејачката Конзервативна партија дека можеби нема да се стигне до Брегзит ако го попречуваат нејзиниот план за излез од ЕУ.

– Мојата порака до земјата овој викенд е едноставна: целта не треба да ја испуштаве од поглед. Ако не го спроведеме, ризикуваме да останеме без никаков Брегзит, напиша таа.

Меј минатата недела се обидуваше да добие поддршка за нејзиниот план за воспоставување на зона за слободна трговија со ЕУ по Брегзит, во време кога членови на Владата поднесоа оставки, а американскиот претседател Доналд Трамп упати критики кон планот.

Во својата статија, таа истакнува дека досега не видела корисна алтернатива на тој план.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија