Британската премиерка Тереза Меј е на безбедно место откако напаѓачот беше застрелан во близина на Парламентот од полицијата.
Портпаролот на Меј не одговори каде била премиерката за време на нападот.
Безбедносни извори наведоа дека се уште не е познат мотивот за нападот.
Најмалку десет лица се повредени денеска во напад, изведен пред британскиот Парламент.
Еден британски полицаец е нападнат со нож, а напаѓачот е ликвидиран.
Зградата на Парламентот во Лондон е блокирана од страна на полицијата.
На повредените лица им е укажана лекарска помош.