Британската полиција упадна во руски авион, Москва обвини за провокација

Од:

Полицијата во Лондон упадна во руски патнички авион на авиокомпанијата Аерофлот на аеродромот Хитроу во Лондон.

-Сметаме дека претресот е уште една провокација од страна на Велика Британија. Полицијата и цариниците влегоа во авионот кој требаше да полета од Лондон за Москва. Британските власти рекоа дека ќе извршат претрес на авионот, но не ја соопштија причината. Освен тоа, побараа и екипажот, вклучувајќи го и капетанот да го напуштат авионот, рече портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа кажа дека капетанот на авионот предложил претресот да се одвива во негово присуство, зошто тоа е во согласност со прописите дека не смее да го напушта авионот.

-Британците го претресуваа авионот, но капетанот остана во кокпитот, не му дозволија да е присутен додека траеше претресот. Однесувањето на британските власти сугерира дека планираат тајно да изведат некоја манипулација со авинот, рече Захарова.
Како што изјави таа, дипломати од руската амбасада во Лондон се упатиле кон аеродромот, и дека амбасадорот Александар Јаковенко разговара со властите во Велика Британија.

Од друга страна, британската полиција демантираше дека упаднала во авионот и дека вршела претрес.

-Свесни сме за приказната на социјалните мрежи. Полицијата не вршеше никаков претрес на авионот кој слета на Хитроу, се наведува во соопштението на полицијата.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба