Британската полиција уапси 10 мигранти сокриени во багажниците на нови „Масерати“

Од:

Полицијата во Сари, на југоистокот од Англија, информира дека уапсила 10 незаконски имигранти, меѓу кои имало и еден малолетен, кои патувале сокриени во багажниците на сосема нови автомобили „Масерати“, што во Велика Британија пристигнувале со камион, пренесоа француските медиуми.

Натрапниците биле уапсени на триесетина километри од Лондон, а деветмината возрасни вчера биел префрлени во центар за приведени во Довер.

– Малолетникот е испратен во приемен центар. Сите се осомничени за незаконски влез на британска територија, соопшти портпаролот на полицијата.

Уапсените биле со виетнамско потекло, соопштија денеска неколку британски дневни весници.

Луксузните автомобили „Масерати“ се склопуваат во две фабрики во
Италија.

Полицијата на Сари, меѓутоа, денеска соопшти дека не и е познато потеклото на автомобилите, нивната маршрута, ниту местото од каде влегле во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство