Британската полиција ги истражува наводите за договор на фондацијата на принцот Чарлс околу привилегии за Саудијци

Од:

Лондонската полиција започна истрага за наводите дека луѓе поврзани со една од хуманитарните организации на британскиот принц Чарлс понудиле да му помогнат на саудиски милијардер да добие британски почести и државјанство во замена за донации.

Истрагата беше отворена по серијата извештаи во лондонскиот Тајмс, во кои беше објавено дека долгогодишен соработник на Чарлс помогнал да се обезбеди поддршка од принцот за државјанин на Саудиска Арабија да добие почести и британско државјанство во замена за донации до 1,5 милиони фунти.

Лондонската полиција денеска соопшти дека решила да отвори официјална истрага по тврдењата во медиумските извештаи, испитување на наодите од истрагата нарачана од Фондацијата на принцот и прегледување на документите обезбедени од фондацијата. Полицијата соопшти дека никој не е уапсен во врска со случајот.

Канцеларијата на принцот Чарлс соопшти дека нема докази за поддршка на тие тврдења.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година