Британската министерка за внатрешни работи поднесе оставка

Од:

Британската министерка за внатрешни работи Суела Брејвермен по шест недели на функцијата, денеска поднесе оставка.

Таа имаше една од највисоките позиции во британската Влада, со одговорности меѓу кои и надзор на границите на Велика Британија, полиција и борба против тероризам.

Суела Брејвермен можеби поднесе оставка поради безбедносно прашање, наведува Би-Би-Си.

Сепак, нејзиното писмо со оставка звучи како напад врз премиерката Лиз Трас и нејзината влада, коментира британскиот медиум.

Таа пишува дека работата на владата се потпира на тоа дека луѓето ќе ја прифатат одговорноста за своите грешки и оти продолжувањето понатаму „како сите да не гледаат дека сме ги направиле“ и да се надеваме дека работите „магично“ ќе се исправат не е сериозна политика.

Како некој кој штотуку поднел оставка откако признал грешка, повеќе се чита како повик до Лиз Трас да го стори истото по серијата пресврти по нејзиниот мини-буџет, пишува Би-Би-Си.

Брејвермен, исто така, јасно кажува дека е загрижена за „насоката“ на владата и дали таа го почитува манифестот врз чија основа е избрана.

Нов министер за внатрешни работи ќе биде Грант Шапс кој беше главен поддржувач на Риши Сунак за време на трката за лидер на Ториевците.

Тој беше отпуштен од функцијата секретар за транспорт од страна на Лиз Трас кога таа стана премиерка и беше заменет од Ен-Мари Тревелјан, информира Би-Би-Си.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година