Британската кралица во говорот во парламентот ги презентираше најновите владини предлог мерки

Од:

Британската кралица Елизабета Втора,во традиционалниот „Квинс спич“ пред членовите на двата дома на Парламентот,ги промовираше најновите, предлог мерки на владината коалиција,за до парламентарните избори,во мај идната година.

Главен акцент на пакетот владини мерки и закони е ставен врз пензинскиот систем и шемата на работните места,како и за низа проекти врзани за работничките права и односи.Владата најавува поостри казни за шверцот со луѓе,а го промовираше и законскиот проект со кој на гласачите им се дава право да покренат процедура за сменување на пратеник,со иницирање вонредни избори во неговата изборна единица.

Според овој закон,пратеникот може да биде отповикан ако е осуден на затворска казна помала од 12 месеци и доколку од пратениците во Долниот дом биде казнат за некаков сериозен престап.

Гласачите тогаш имаат право да соберат потписи,од десет отсто од запишаните гласачи во избирната единица и да побараат од Парламентот да закаже вонредни избори во таа единица. Во делот од надворешно политичките активности на владата,кралицата ја спомена потребата од работа врз изготвувањето на „еден сеопфатен нуклеарен договор“ со Иран,што предизвика „вознемирено“ реагирање на некои од присутните.Станува збор за мал инцидент, каков што мошне ретко се случува при говорот на кралицата и каков немало подолго време.

Говорот на кралицата,во кој таа ја истакна заложбата на Владата за изградба на поцврста и постабилна економија и за уредување на порамноправни односи во британското општество,е излагање за работата на владата во наредните месеци.Но излагањето не е направено од британскиот суверен,туку е изработено од владата и од ресорните министерства за темите и прашањата што се набројуваат во „квинс спич“.

Неколку векови наназад,британските монарси се исклучени од политиката,која им оставена на Парламентот и на владата,па кралицата Елизабета,како и членовите на кралското семејство, никогаш јавно не коментираат внатрешни и надворешни политички прашања и состојби.

Ова беше 63 по ред „квинс спич“ на кралицата кои како и сите претходни,е проследено со традиционалната кралска помпезност и церемонија.

Во споменатите законски проекти за до изборите, нема ништо за јавното здравство,како и за имиграционата политика, што инаку се најавуваше во лондонските медиуми,особено по победата на евроизбороте на евроскептичната Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП),која главнината на својата кампања ја имаше насочено на имиграцијата и на имигрантите од земјите на ЕУ.

Во Долниот дом на британскиот Парламент,попладнево се одржува дебата на пратениците околу владините мерки најавени во говорот на кралицата.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство