Британската кралица ќе ја посети во Германија

Од:

Британската Кралица Елизабета втора во текот на јуни ќе пристигне во државна посета на Германија каде што ќе го посети и концентрациониот камп Берген – Белсен ослободен од британската армија пред 70 години.

Заедно со својот сопруг Филип, принцот од Единбург, кралицата ќе посети и неколку други споменици од втората светска војна вклучувајќи го и тој посветен на Ана Франк која што заедно со својата сестра починала во Берген – Белсен. За време на посетата британската кралица ќе се сретне со група преживеани војници и заробеници како и со претставници на еврејската и христијанските заедници во Германија.

Посетата ќе започне на 23 јуни, а за време на престојот во Германија Елизабета (1926) ќе се сретне со германската кацеларка Ангела Меркел и со федералниот претседател Јоаким Гаук.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство