Британската кралица го прими американскиот претседател

Од:

На почетокот на тридневната посета на Велика Британија, британската кралица Елизабета во Бакингамската палата ги прими американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија.

Согласно кралската церемонија, кралицата и Доналд и Меланија Трамп имаат формален ручек, потоа е предвиден чај со принцот Чарлс и посета на Вестминистерската опатија.

Но сенка на посета фрлија изјавите на Трамп пред поаѓањето, кога лондонскиот градоначалник Садик Кан, за кого на Твитер напиша: „Безчувствителен губитник, кој треба да се фокусира на криминалот во Лондон, а не на мене“. Изјавата на Трамп следеша откако Кан рече дека се важни добри односи со САД, но дека Велика Британија не треба да постила црвен килим за Трамп, кого го спореди со фашистите од 20 век.

На почетокот на посетата на Лондон, американскиот претседател Доналд Трамп е пречекан со протести, при што демонстрантите пред американската амбасада развија 20 метри долго знаме, а со цел, како што велат, да се спротистават на „газењето човекови права“. На знамињата кои ги носат членовите на Амнести интернешнл пишува: Да се спротивставиме на сексизмот, Да се спротивставиме на омразата и Да се спротивставиме на Трамп.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија