Британската кралица го одобри законот за легализација на истополовите бракови во Англија и Велс

Од:

Британската кралица Елизабета Втора го одобри денеска законот со кој се легализираат истополовите бракови во Англија и Велс, кој вчера беше усвоен од Долниот дом на британскиот Парламент.

Одобрувањето од кралицата е само формалност и последен чекор во процедурата, со која предлогот ќе стане закон.

Со законот им се овозможува на хомосексуалните двојки да склучат граѓански брак и брак на верски церемонии, но медиумите потсетуваат дека Англиканската и црквата на Велс тоа не можат да го направат.

Исто така, им се дозволува и на оние кои претходно стапиле во „граѓанско партнерство“, кое подразбира слични права и обврски како и бракот, да го официјализираат својот однос со брак.

Премиерот Дејвид Камерон го поддржа законот, но тој предизвика поделби во неговата Конзервативна партија и дебати во Парламентот.

Шкотската Влада минатиот месец подготви свој закон за истополовите бракови, но Парламентот на Северна Ирска одлучи да го блокира таквиот правен акт.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година