Британската кралица Елизабета прославува „сафирен јубилеј“ на престолот

Од:

Британската кралица Елизабета Втора денеска одбележува „сафирен јубилеј“, односно 65 години како се наоѓа на престолот на Обединетото Кралство.

На 6 февруари 1952 година, тогаш 25-годишната принцеза, стана кралица, по смрта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.

Во моментот кога се случи смената на престолот таа престојуваше во Кенија, заедно со својот сопруг, принцот Филип, во службена посета на патот за Австралија.

Нејзиното официјано крунисување, како британски суверен, е извршено една година подоцна во 1953 година.

„Сафирниот јубилеј“ е прв во историјата на Велика Британија. Ниту еден монарх во англиската и британската кралска историја, досега не се наоѓал толку долго на престолот.

Во 2015 година, кралицата Елизабета го надмина дотогашниот британски монархистички рекорд по останување на престолот што го држеше кралицата Викторија, која починала во 1901 година.

Одбележувањето на „сафирниот“ рекорд ќе помине без службени церемони. Бакингамската палата соопшти дека кралицата целиот денешен ден ќе го мине во својата резиденција во Сандригам во Норфолк, каде пред 65 година нејзиниот татко почина од рак.

Во Лондон е најавено дека денот на новиот кралски јубилеј ќе се одбележи со артилериски истрели, како и со мала свечена парада на кралската коњица која ќе дефилира со топови од Првата светска војна.

Судбината на сегашната британска кралица се промени со абдикацијата на нејзиниот чичко, кралот Едвард Осми, најстариот син на кралот Џорџ Пети и кралицата Мери, кој се откажа од престолот за да стапи во брак со Американката Волис Симпсон.

По неговото абдицирање, на престолот, како нов крал седна неговиот брат, кој беше британски крал 15 години. Со крунисувањето на Џорџ Шести, неговата постара ќерка, принцезата Елизабета тогаш беше именувана за престолонаследник.

Оваа година, кралицата и нејзниниот сопруг ќе одбележат уште еден рекорд – 70 годиини брак.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца