Британската и австралиската морнарица запленија 1.032 килограми хероин

Од:

Во заедничка акција на британската и австралиската морнарица запленето е најголемо количество на хероин на море – 1.032 килограми, соопшти вчера Министерството за одбрана во Лондон.

Вредноста на запленетиот хероин се проценунва на повеќе од 140 милиони фунти. Хероинот бил пронајден на еден брод, околу 50 километри од источниот брег на Африка, меѓу Кенија и Танзанија.

Командантот на Британската кралска морнарица Џереми Бландер, кој раководеше со операцијата, изјави дека заплената на толкаво количество хероин претставува тежок ударт за шверцертите на дрога.

Акцијата е изведена во рамките за сузбивање на шверцот со дрога во Индиски Океан, од кој се финансираат оргаизации како што се Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ