Британска министерка најави „план Б“ за односите меѓу Лондон и ЕУ

Од:

Велика Британија треба да размисли за зделка како „Норвешка Плус“ со Европската унија, ако премиерката Тереза Меј не добие парламентарна поддршка за нејзниот договор за Брегзит, изјави британската министерка за труд и пензии Амбер Руд.

Руд е првиот член на британскиот Кабинет која јавно зборува за „план Б“, ако Меј доживее пораз на клучното гласање во Парламентот закажано за вторник, коментираат светските агенции.

Руд, која го поддржа договорот на Меј за Брегзит, изјави дека е „можно се да се случи“, па и втор референдум, ако Владата не биде поддржана во Парламентот, и најави дека ќе настапи период на хаос.

Во интервју за весникот „Тајмс“, таа рече дека иако ниту една од можните алтернативи не е подобра од сегашната зделка, таа би претпочитала модел, сличен на оној на Норвешка. Земјата не е членка на ЕУ, но е дел од Европската економска зона, што значи дека е дел од заедничкиот пазар.

– Таква алтернатива изгледа прифатлива не само за земјата, туку и од гледна точка на пратениците, додаде Руд но истакна дека „никој не знае дали тоа може да се направи“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски