Четворица Британци и нивната јахта, исчезнаа во Атлантскиот Океан, соопштено е денеска во Лондон. Станува збор за четворица членови од посадата на јахтата „Чики Рафики“, долга 15 метри и изградена за спортски натпреварувања.
Според соопштението во британскиот главен град, јахтата се соочила со проблеми, по учеството во регатата во едрење, покрај брегот на островот Антигва, во регионот на Карибите.
Комуникацијата со јахтата и нејзината посада е загубана уште во петокот околу пладне откако пловилото скршнало кон средината на Атлантикот, на пат кон Азорските Острови.
Сега се стравува дека јахтата најверојатно се превртела како последица на големите бранови и дека членовите на посадата од „Чики Рафики“ плутаат на сплав за спасување некаде по Океанот.