Британска џихадистка осудена на шест години затвор за членство во ИД

Од:

Судот во Бирмингем денеска ја осуди 26-годишната Тарена Шакил на шест години затвор, затоа што отпатувала во Сирија и им се приклучила на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), носејќи го со себе и своето мало дете.

Во октомври 2014 година, Шакил  преку Турција заминала во Сирија и им се приклучила на џихадистите.

Таа е првата жена-муслиманка во Велика Британија која се вратила од самопрогласениот Исламски Калифат на териториите на Сирија и на Ирак и која од еден британски суд е осудена поради членување во редовите на ИД.

Шакил е родена во малото место Бартон он Трент, во англиската област Стратфордшир, но живеела во Бирмингем, втор по големина град во Велика Британија, каде има бројна муслиманска заедница и каде дејствуваат неколку радикални исламистички ќелии.
Според Судот, најзагрижувачки е што таа со себе го зела и своето (тогаш) 14-месечно дете и дозволила тоа да биде употребувано од џихадистите за пропагандни цели. Бебето било сликано покрај „Калашников“ и прикажувано како „џихадист од денот на раѓањето“.

Во текот на судењето беше утврдено дека младата мајка праќала писма и пораки до членовите на своето семејство во Бирмингем, порачувајќи им дека „нема намера да се врати во Британија“ и дека „сака да умре како меченичка“.

Во својата одбрана Трена Шакил само изјави дека заминала за Сирија за да побегне од „несреќниот семеен живот“.

Би можело да ве интересира

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Француска армија соопшти дека во Мали се убиени околу 30 џихадисти

А1он

Џихадисти во Нигерија киднапираа 20 деца

А1он

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД

Ана Ололовска