Британка уапсена поради сомнение за тероризам

Од:

Британската полиција уапсила 18-годишна девојка на лондонскиот аеродром поради сомневање за учество во подготовка на терористички напади и припадност кон забранета организација, соопшти полицијата.

Таа е уапсена вчера по слетувањето на аеродромот Станстед, а нејзиното апсење е во врска со претходна истрага во која во октомври е уапсен 21-годишен маж.

Жената е префрлена во полициската станица во Лондон, каде и е одредена мерка притвор.

Ова апсење е најново во серијата која ја спроведоа британските безбедносни претставници, откако закана од тероризам е покрената во август поради ризикот кој го претставуваат борви на ИД, кои во татковината се враќаат од Ирак и Сирија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство