Британка е уапсена откако член на екипажот ја фатил во тоалетот за време на сексуален однос со патник кој го запознала во авионот.
Двајцата патници биле пијани туристи на кои им биле ставени лисици, а сето тоа морале да го гледаат и родителите на девојката.
Британката на возраст од 20 години била на лет од Гетвик кон Лас Вегас минатата недела кога се зближила со маж кој седел на седиште до нејзиното. Исчезнале за момент во тоалетот на авионот на Вирџин Атлантик, а патниците почнале да се жалат на бучава од тој правец.
– Прво флертуваa, а потоа oтидоа во тоалет и можеа да се слушнат гласни звуци. Екипажот беше приморан насила да ја отвори вратата и да ги фати двајцата, изјави за Сан еден од патниците.
До крајот на летот девојката била врзана за седиштето оти била насилна. Компанијата Вирџин Атлантик соопшти дека лошо однесување на патници не е дозволено на нивните летови.