Британка со иранско потекло, која шест години била во затвор во Иран, е на пат кон Велика Британија

Од:

Британката со иранско потекло, Назанин Загари-Ретклиф, која е во затвор во Иран од 2016 година, е на пат кон Велика Британија, објави денеска британски пратеник на Твитер.

– Назанин е на аеродромот во Техеран и е на пат кон дома, напиша на Твитер лабуристичкиот пратеник Тулип Сидик.

Загари-Ретклиф беше приведена на аеродромот во Техеран во април 2016 година поради наводниот план за соборување на иранската влада. Таа ги отфрли сите обвиненија.

Загари-Ретклиф беше вработена во Фондацијата Томас Ројтерс, хуманитарна филијала на новинската агенција Ројтерс, а беше уапсена при нејзиното враќање во Британија од Иран, каде што беше во посета на своето семејство.

Групите за заштита на човековите права ги обвинуваат иранските власти дека ги користат лицата со двојно државјанство за да преговараат со Западот. Техеран ги отфрла таквите тврдења.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран