Британија: Затворени најмалку 12 училишта поради заканувачки пораки кон децата

Од:

Најмалку 12 училишта ширум Британија се затворени денеска откако добиле заканувачка порака дека „децата ќе бидат прегазени од автомобили“, објавија британски медиуми.

Британскиот „Дејли експрес“ и „Дејли стар“ наведуваат дека полицијата потврдила дека на училиштата им биле упатени „злонамерни пораки“.

Најмалку 12 училишта во Девон и Корновол се затворени, а закани наводно добиле и училишта во Дурам.

Родителите во паника доаѓаа во училиштата по децата, јавуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија