Британија воведува привремена забрана за француските рибари

Од:

Француското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека Велика Британија привремено им забрани на француските рибари да ловат во водите крај Гернзи, остров во Ламанш, во близина на француска Нормандија.

Како што пренесуваат странските агенции, оваа забрана е издадена заради административни измени по Брегзит, кои, како што се очекува, треба да бидат надминати во наредните денови.

Договорот за слободен пристап до водите кај Гернзи се засноваше на Европскиот договор за риболов, кој автоматски престана да важи по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Претстојат нови преговори меѓу Брисел и Лондон за пост-Брегзит трговски договор.

Локалните власти на Гернзи одлучија да воспостават нов систем според кој рибарските бродови мора да добијат поединечни дозволи за влез во зоната од 6 до 12 милји крај брегот на островот.

Француското Министерство за земјоделство најави дека следната недела ќе биде воведена постапка за добивање на овие лиценци.

„Дотогаш пристапот до водите околу Гернзи е суспендиран за француските рибари“, се наведува во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Макрон: „Денес започнува нова ера за Франција“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Кризата во Франција е многу полоша од нормална политичка криза

Катерина Ѓуровски

Падна владата во Франција

Предраг Петровиќ

Андреа е второто девојче кое исчезна во Франција за неколку дена

Поднесено е барање за гласање недоверба на француската влада

Горан Наумовски