Британија во 2030 година може да ги забрани сите автомобили со погон на нафтени деривати

Од:

Велика Британија може да воведе забрана за продажба на автомобили со мотори на фосилни горива пет години порано во однос на првичниот план.

„Фајненшл тајмс“ и Би-Би-Си информираат дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе објави забрана за продажба на автомобили со СУС мотори, што ќе стапи во сила во 2030 година, пет години порано од првично планираното.

Продажбата на хибриди би била дозволена до 2035 година, но возилата со „чист“ бензински и дизел мотор може брзо да исчезнат од продажните салони.

Забрзувањето на плановите, наводно, има врска со намерата да се зголеми продажбата на електрични автомобили со цел Велика Британија да се доближи до целите за климатските промени. Владата е подготвена да потроши 500 милиони фунти за изградба на инфраструктурата потребна за полнење електрични автомобили.

Се очекува Џонсон да го објави планот во наредните денови.

Локалните медиуми коментираат дека производителите на автомобили веројатно нема да бидат задоволни од одлуката, што може да влијае на британскиот пазар.

2020-11-16 11:42:13

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година