Британија со сомневања за траги од лекови во коњското месо продавано во ЕУ под етикета дека е говедско

Од:

Британски научници се сомневаат на траги од лекови за коњи во месо кое во Европа се продавало како говедско, изјави британскиот министер за земјоделие Дејвид Хит.

Како што јави ДПА, според него, по анализи од месото бил изолиран лек против болки Phenylbutazone.

– Имено, траги од тој лек се пронајдени во осум од 206 угинати коњи во Британија. Постојат стравувања дека месо од шест лешеви можно е да се појавило во продавници во Франција, тврди тој.

Скандалот со коњско месо продавано под етикета дека е говедско предизвика масовна истрага во држави од ЕУ во обид да се докаже како тој вид месо е продавано во супермаркети во држави од Унијата.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот