Британија: Со слики против пушење цигари

Од:

Велика Британија наскоро ќе стане прва држава во Европската унија која со слики ќе се бори против пушење цигари.

Постоечките пишани предупредувања, кои Британија ги воведе во 2003 година, ќе се заменат со слики со расипани заби, оштетени бели дробови, канцер на грлото и слични ефекти, со цел да се предупредат пушачите на штета која што ја прават во својот организам.

Сер Лијам Доналдсон, еден од водечките функционери во Министерството за здравство во Велика Британија го поздрави предупредувањето со слики.

-Тоа ќе помогне луѓето да започнат да го следат трендот за престанување пушење цигари во Англија, кој започна со една успешна акција од 2007 година-изјави тој.

Иницијативата ја поздравија и многу организации, како Здружението за истражување на канцер и многу други.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство