Британија се подготвува да прими повеќе бегалци од Блискиот Исток

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон се очекува да објави план за зголемување на бројот на бегалците од Блискиот Исток, на кои ќе им се дозволи престој во Велика Британија, соопштено е во Лондон.

Засега не е познато за колква број бегалци ќе стане збор, но Камерон, синоќа, рече дека Британија ќе преземе „неколку илјади“ луѓе.

Дополнителниот број бегалци, се очекува, да бидат префрлени на британската територија, од бегалските кампови на ОН, покрај турско-сириската граница, а не од оние кои веќе се наоѓаат на европскиот континент.

Објавувањето на промената на британската позиција околу бегалската криза што ја потресува ЕУ, се очекува да се случи денеска во Мадрид, по средбите што Камерон ќе ги има со португалскиот и со шпанскиот премиер, со кои разговара за британските предлози за потемелно реформирање на Унијата.

Камерон и Даунинг стрит 10, од вчера, се наоѓаат под силен притисок на домашните медиуми, британската и европската политичка јавност, откако владата во Лондон и нејзниниот премиер ги одбија барањата на Германија и Австрија, за прием на повеќе сириски бегалци.

Берлин и Виена инсистираат на создавање квота, врз основа на која, сите земји членки во ЕУ, ќе примат определен број бегалци, но од британска страна, тоа беше отфрлено, со објаснување дека „решението не е во зголемување на бројот на бегалците„ туку дека треба да се работи за елиминирање на причините кои го покренаа бранот на луѓе од Блискиот Исток.

Притисокот врз владата и премиерот, се зголеми по објавувањето на фотографиите на мртвото тело на малиот сириски Курд, Ајдан Курди кои се удави во морето, заедно со неговата мајка и петгодишниот брат, кога неговото семејство се обидило да се префрли од Турција, во Грција, а од таму во ЕУ.

Повеќе од 200 илјади Британци ја потпишаа интернет петицијата за прием на повеќе бегалци.

Шкотскиот прв министер Никола Старџен јавно го повика Камерон да направи нешто околу бегалскста криза во ЕУ, а поранешниот британски министер за внатрешни работи, Дејвид Бланкет изјави дека Британија треба да прими 25 илјади бегалци во следните шест месеци.

Претходно, еден од кандидатите за нов лабуристички лидер, Ивет Купер предложи да се примат десет илјади бегалски семејства и да се распределат по десет во секоја британска општина.

Околу пет илјади Сиријци имаат добиено азил во ииминатите четири години, а 216 се бегалци од последниот бран.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ