Британија: Русија ќе се префрли на освојување на Донецк

Од:

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај од своето воено разузнавање.

Во извештајот се наведува дека сега, откако украинските сили се повлекоа од Лисичанск, последниот голем град во областа Луганск кој беше под контрола на Киев, тие „речиси сигурно“ ќе се префрлат на обидот да го освојат регионот на Донецк. Голем дел од Донецк се уште е под контрола на украинските сили.

„Борбата за Донбас (регионот во кој се наоѓаат Донецк и Луганск) беше тешка и исцрпувачка и многу е веројатно дека така ќе остане и во наредните недели“, се наведува во извештајот.

Британските разузнавачки претставници истакнуваат дека руската инвазија продолжува да има „погубен ефект“ врз украинскиот земјоделски сектор и предизвика значителни нарушувања во големиот синџир на снабдување со семиња и ѓубрива.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ