Британската влада ја разглдува можноста да прими 15.000 сириски бегалци и се надева дека идната недела ќе добие поддршка за воздушни напади против групата „Исламска држава“, пишува „Сандеј тајмс“.
Премиерот Дејвид Камерон е под меѓународен и внатрешен притисок да реагира за бегалската криза.
Камерон сега планира да ја прошири програмата за релокација и да прими околу 15.000 бегалци, како и да започне воена акција против шверцерите, наведува весникот.
Британскиот премиер, исто така, очекува да добие поддршка од пратениците на опозициската Лабуристичка партија за воздушни напади во Сирија.