Втор референдум за членство на Британија во Европската унија би можел да биде законски оправдан доколку постојат јасни докази дека јавното мислење се свртило против Брегзит, изјави конзервативецот и екс советник за правни прашања во владата во Лондон, Доминик Грив.
Во преписката со еден граѓанин до кој стигна “Идипендент“, грив вели дека резултатите од првиот референдум “не се дефинитивни“.
-Ние мора да прифатиме дека резултатите од референдумот, во времето кога е одржан, претставуваат јасен израз на мислењето на мнозинството дека треба да ја напуштиме ЕУ“, напиша тој.
-Секако, можно е со текот на времето да стане јасно дека се променило јавното мислење за таа тема. Во тој случај, втор референдум би можел да биде оправдан, рече Грив, поранешен британски државен секретар.
Британскиот премиер во заминување, Дејвид Камерон, откако петицијата за одржување на втор референдум ја потпишаа над 4 милион луѓе, рече дека реприза на референдумот “нема во план во скоро време“.