Јавна истрага за смртта на поранешниот руски шпион Александар Литвенко денеска е отворена во Лондон.
Повеќе од осум години од неговата смрт истрагата ќе ги испитува можностите дали Русија е вмешана во убиството на Литвенко, кој почина неколку недели откако испи чај затруен со радиоактивен изотоп на Полониум (210) во хотел во Лондон.
Британските истражители веруваат дека руските државјани Андреј Луговој и Димитриј Ковтун, кои на 1 ноември 2006 година го посетиле Лондон и се сретнале со Литвенко во хотелот „Мејфлаур“, се одговорни за труењето.