Британија: Откриен случај на заболен од коронавирус

Од:

Вработен во медицинскиот центар “Каунти оук” во јужниот англиски град Брајтон, е позитивен на новиот коронавирус, јави “Би-Би-Си”.

Медицинскиот центар “Каунти оук” е времено затворен.

Британија објави дека новиот коронавирус е сериозна и непосредна закана за јавното здравје, потег што и дава на Владата дополнителни овластувања за борба против ширењето на вирусот.

Досега бројот на заразаени во Британија од новиот коронавирус е осум луѓе.

Заразениот го посетил Сингапур и потоа бил на кус одмор во Франција. Тој е хоспитлаизиран во болницата “Сент Томас” во Лондон.

Другите заразени меѓу кои и едно дете, се исто така во болница, но во добра состојба.

Според “Би-Би-Си”, здравствените власти се во потрага по лица кои имале контакти со инфицираното лице.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети