Британија осуди на доживотен затвор маж кој поттикнувал напад врз принцот Џорџ

Од:

Британец, кој на исламски милитанти им предлагал напад врз четиригодишниот принц Џорџ, кој е во позиција некогаш да стане крал на Британија, е осуден на доживотен затвор.

Хуснаин Рашид (32) од градот Нелсон, северозападна Англија, ќе мора да одлежи најмалку 24 години.

Тој објавувал информации преку апликацијата „Телеграм“ со кои ги охрабрувал џихадистите да извршат напади низ целиот свет, како и податоци за можни цели.

Според обвинителството, тоа вклучувало објавување на фотографија на принцот Џорџ до силуети на двајца џихадистички борци. Принцот Џорџ е син на принцот Вилијам, внук на британската кралица Елизабета Втора, и е трет во линијата за наследство на престолот.

Во објавата била напишина адресата на неговото училиште во Лондон, во кое тој почна да оди во септември минатата година и имало натпис „дури ни кралското семејство нема да биде оставено на мира”.

Рашид првично ги негираше обвинувањата, но на судењето се изјасни за виновен за четири точки од обвинението за тероризам.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија