Велика Британија изгласа излегување од Европската унија по 43 години членство, извести Би Би Си. Во историскиот референдум, Брегзит има речиси милион гласови повеќе од опцијата за останување во ЕУ.
Џереми Корбин, лидер на Лабуристичката партија, најголемата опозициона струја во Велика Британија, истакна дека веднаш треба да се започне со имплементација на “членот 50“, механизам за двегодишната постапка за излегување од Унијата, за да може Британија “да добие што подобра позиција во преговорите“.
Министерот за надворешни работи Филип Хамонд истакна дека Брегзит значи дека Британија ќе добие полуаматерска позиција во преговорите со ЕУ.
-Обединетото Кралство не може да очекува ист статус како и пред овој референдум. Верувам дека исходот ќе биде неповолен за нас, најмногу во економска смисла, и подобро ќе беше да останевме во Унијата, рече Хамонд.