Британија испраќа 750 војници во Сиера Леоне за помош при градба на центар за лекување заболени од ебола

Од:

Велика Британија ќе испрати 750 војници во Сиера Леоне кои ќе помагаат да се изгради центар за лекување болни од ебола.

Според соопштение пренесено од британсики медиуми, тоа било договорено на седница на владина комисија за реакција при кризни ситуации, со која претседаваше премиерот Дејвид Камерон.

Би-Би-Си јави дека британските војници ќе бидат испратени во африканската држава во рамки на меѓународните напори за спречување на ширењето на смртоносниот вирус од кој досега животот го загубија над 3.400 луѓе во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година