Британија го укинува карантинот за вакцинирани патници од САД и сите земји на ЕУ, освен Франција

Од:

Велика Британија од следната недела на сите вакцинирани посетители од Европската унија и САД ќе им овозможи да влезат во земјата без задолжителен карантин, соопшти денеска британскиот министер за транспорт, Грант Шапс, што е вест која долго ја очекуваа авиокомпаниите и туристичките компании.

Британската туристичка индустрија остро ја критикуваше владата за пребавното отворање на земјата, тврдејќи дека не ја искористила водечката позиција во светот со вакцинирањето, со што на ЕУ ѝ дала предност во привлекувањето туристи.

Владата соопшти дека од 2 август сите патници вакцинирани со вакцини одобрени во ЕУ и САД нема да мора да одат во карантин. Одлуката ги опфаќа најголемите девет пазари во Велика Британија според бројот на посетители уште од пред пандемијата со Ковид-19.

Посебни правила ќе важат за патниците кои доаѓаат од Франција.

„Патниците, меѓутоа, пред поаѓање и веднаш по пристигнувањето во Англија ќе треба да бидат тестирани за Ковид-19“, напиша министерот Шапс на Твитер.

Овој потег ќе им помогне на авиокомпаниите и туристичките агенции да го интензивираат работењето по 16 месеци ограничувања, што многумина ги доведе до сериозни финансиски тешкотии.

Акциите на „Бритиш ервејс“ пораснаа за три проценти, на „Изиџет“ за четири и на „Визер“ за пет проценти.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година