Британија го казнува Фејсбук со пола милион фунти

Од:

Фејсбук се соочува со првата парична казна поради тоа што не ја спречил фирмата Кембриџ аналитика да дојде до информации од профилите на корисници на таа социјална мрежа.

Надлежната канцеларија на британската Влада која го истражуваше скандалот соопшти дека има намера да го казни „Фејсбук“ со 500 илјади фунти (663 илјади долари) поради лошата заштита на податоците.

Тоа е максималната казна која повереник за информации може да ја наплати поради кршење на британските закони за приватност на податоците.

Тоа ќе биде прва опиплива казна за компанијата поради скандалот, кој ја загрози репутацијата и поради кој нејзиниот извршен директор Марк Закерберг сведочеше во април во Конгресот во САД за податоците на корисниците кои компанијата ги направила достапни за трети лица.

„Фејсбук“ објави дека британската компанија Кембриџ Аналитика, компанија која го советуваше американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања 2016 година, дошла до лични податоци на 87 милиони корисници. Кембриџ Аналитика, која во мај престана да работи, соопшти дека дошла до податоци на само 30 милиони луѓе.

Скандалот беше откриен откако нејзиниот поранешен вработен Кристофер Вајли изјави дека податоците на корисниците на „Фејсбук“ се компромитирани по пат на апликација „Ова е твојот дигитален живот“, квиз за личноста во кој учествувале 270 илјади лица. Покрај податоците на учесниците во квизот, апликацијата собирала податоци и за нивните пријатели.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски