Велика Британија денеска ги продолжи мерките за справување со коронавирусот за уште три недели, при што вршителот на должноста премиер Доминик Раб им порача на граѓаните да останат дома.
– Стигнавме толку далеку, изгубивме многу сакани, многу се жртвувавме за сега да попуштиме, особено кога гледаме дека нашите напори даваат резултати, рече Раб.
По итниот состанок со кој тој претседаваше, посочи дека олабавувањето на која било од мерките ќе претставува ризик и за јавното здравство и за економијата.
Велика Британија, со 13.729 смртни случаи од Ковид-19, е на петто место по бројот на жртви, по САД, Италија, Шпанија и Франција.