Британија ги отвора пабовите и кината од 4 јули

Од:

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска пред Долниот дом на британскиот Парламент соопшти дека мерката на задолжителното социјално дистанцирање од 4 јули ќе се намали од два метра на еден метар, заедно со низа други олабавувања на заштитните мерки протиц ширењето на коронавирусот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Џонсон на  граѓаните им препорачал да останат на два метра растојание секогаш кога е тоа можно, а во спротивно треба да се придржуваат до правилото за еден метар и да носат заштитни маски за да се намали можноста од инфекција со коронавирусот.

Премиерот исто така потврди дека од 4 јули се отвораат и  пабовите, рестораните, кината, хотелите, музеите и галериите. Ова е најзначајното олеснување на мерките од нивното воведување, на 23 март.

Независни медицински експерти предупредуваат дека стапката на инфекција со коронавирус е сè уште премногу висока за вакви мерки за олеснување.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски